Тим набљудувачи на ОБСЕ, во кој влегуваат невооружени цивилни и општествени активисти, пристигна во Донецк. Минатата недела на претставници на ОБСЕ не им беше дозволено да влезат во Крим, пренесе „Би-Би-Си Украина“.
Вчера Украина побара Организацијата за безбедност и соработка во Европа да ја продолжи мисијата на невооружените набљудувачи во јужниот и источниот дел на земјата.
Засега 14 земји од ОБСЕ одговориле на барањето, но се очекува наскоро бројот да се зголеми.