Началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Република Полска, генерал Мјечеслав Гочул, од денеска престојува во посета на Армијата на Република Македонија.
Делегацијата на ВС на Полска ќе има средба со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, по што ќе следат официјални разговори за актуелната безбедносната ситуација во регионот, пред се за мигрантската криза низ призмата на договорот помеѓу ЕУ и Турција, како и за унапредување на билатералната армиска соработка, соопшти Канцеларијата за односи со јавност на НГШ на АРМ.
Во тек на престојот во Македонија генерал Гочул ќе биде примен од претседателот и врховен командант на ВС на РМ Ѓорге Иванов, со генерал Величковски ќе ја обиколат македонско-грчката граница и ќе го посети Центарот за обука на пилоти.