
Вечерва во емисијата „Јади бурек“ на Јанко Илковски, професорот по безбедносни науки Александар Нацев, во анализа на состојбата од коронавирусот и раководењето со армиските сили на во вонредна состојба, истакна дека власта во недостиг на стратегија и план, без работа со многу пи-ар, не се носи со кризата, прекршениот ланец на командување резултираше со поставување војници пред пиљари и маркети, војската беше сведена на редари.
Имаше контрадикторни наредби кон војниците, армијата не е за пред пиљари, иако претседателот на држаавата истото го увиде после два дена и кажа дека е АРМ не треба да се користи како редарска служба, но министерката Шеќеринска изјавуваше дека војниците ќе бидат каде што се потребни да обезбедуваат растојание пред маркетите, но вие не можете професионални војници да ги сведете на редари, посочи Нацев.
Истакна дека претседателот Стево Пендаровски во Тетово прво изјавил дека армијата ќе помогне во заштитата за пред продавници, а во Прилеп имавме ангажирање на армиски сили по наредба на градоначалникот на Прилеп и министерката за одбрана без притоа да биде известен началникот на Генералштабот, многу лошо потег и неуспех во ланецот на командување, вели тој.
Нацев кририкуваше дека мобилната болница којашто се монтираше 10 дена и сеуште нема примено ниеден пациент, како и тоа дека властасо премногу пи-ар отколку со работа се нсои со кризата, мерките требало да се превземат многу порано, а ние имавме ситуација во која претседателот на државата со изјава посочил дека се е добро и дека сме подготвени и дека имаме ресурси, за веќе следниот ден да изјави дека не можеме да прогласиме кризна состојба затоа што немаме ресурси.
Во однос на ситуацијата во Куманово, Нацев посочи дека таму се потклекна во спроведување на мерките и неуспешно се справи власта со ситуацијата во градот, иако гладоначалникот неколку пати предупредуваше дека треба да се превземе повеќе со прогласување кризна состојба.
-Јас сум сигурен дека доколку се прогласеше кризна состојба во Куманово, епилогот ќе беше сличен како во Дебар каде се изреагира навреме и тоа вроди со плод, вели професорот.