Началникот на полицијата во Кочани на партиски состанок на СДСМ

На социјалната мрежа „Фејсбук“ објавени се фотографии од состанок на Општинскиот огранок на СДСМ Кочани, одржан пред три дена, поточно на 21 февруари, на коишто се гледа дека е присутен сегашниот началник во ОВР – Кочани, Александар Максимов.

Имено иако полициските службеници како граѓани можат да бидат членови на политичка партија, во 2016 година тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, сега технички премиер, предупреди дека полициксите службеници не смеат да учествуваат во кампањата на политичките партии, очигледно дека истово не важи за Началникот на полицијата во Кочани, Александар Максимов.

Од фотографиите може да се види дека на истиот е присутен претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и генералниот секретар Љупчо Николовски, станува збор за состанок на органите на ОО СДСМ во Кочани, на кој што како што се вели „се избираат луѓе подготвени да водат на прав пат“, се поставува прашањето дали уште сега во Кочани органите на прогонот ќе бидат вклучени во предизборен притисок во полза на СДСМ?