Начева: Наместо подигнување на регионалниот Ковид-центар во Штип, СДСМ импоривизира со разни одделенија

Какви се овие решенија што им се нудат на граѓаните во процесот на лекување од коронавирусот, и зарем во Штип не требаше да се формира монтажен регионален ковид–центар? За информација на граѓаните, поранешниот градоначалник бараше од Советот на Општина Штип изнаоѓање „флексибилна, мобилна и едноставна структура од монтажен карактер“, која требаше да одговори на потребите во справувањето со коронавирусот, изјави во средата за медиумите Весна Начева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште на 29-ти јули, Советот на Општина Штип донесе одлука за формирање на ваков центар. Меѓутоа и тогаш знаевме, а и сега гледаме, дека таа одлука била залудна, затоа што власта нема абер од монтажна болница. Меѓутоа, тоа не е единствениот проблем! Откако се пополнија капацитетите на Инфективното одделение и откако се препраќаа пациентите на лекување во Кочани, раководните структури на болницата направија импровизирано одделение за болни од КОВИД-19 во Одделението за кожни болести“, истакнаа Нолчева.

Посочи дека актуелните штипски валсти, наместо да се фокусираат на доградба на долги години неизградената нова Клиничка болница, тие ветуваа монтажна болница.

„Наместо да го формираат таканаречениот монтажен регионален Ковид–центар, тие импровизираат Инфективно, во Кожно одделение. Па така, власта веќе девет месеци се врти во круг, додека граѓаните бараат тест повеќе, место повеќе, кислород повеќе“, посочи Начева.