Начевски и Николов во квалификациите за пласман на ОИ

Најдобрата ракометна судиска двојка во светот, нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов уште еднаш добија потврда за својот квалитет.

Имено македонските судии се делегирани да судат на натпревари од квалификациите за Олимписките игри во Париз.

Начевски и Николов ќе ја делат правдата на најсилниот турнир кој ќе се одржи во Татабања (Унгарија) на кој за олимписка виза ќе се борат селекциите на Унгарија, Норвешка, Португалија и Тунис.

Турнирот стартува на 14 март.