Начо од Реал во саудиска Ал-Кадсија

Шпанскиот дефанзивец Хосе Ингасио Фернандес Илгесиас попознат како Начо, кој играше за мадридски Реал цели 23 години, стана последното големо име во европскиот фудбал што се пресели во Саудиската Про лига, приклучувајќи му се на новопромовираниот Ал-Кадсија.

Ал Кадсија од Хобар, кој ја освои втората саудиска лига во сезоната 2023/24. и се промовираше во првата лига, во четвртокот објави дека потпишала договор со Начо.

34-годишниот фудбалер му се приклучи на Реал во 2001 година како младинец и го имаше своето деби за првиот тим во 2011 година. Тој има освоено шест титули во Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“, како и четири шпански купа и два Купа на Шпанија.