Белградски Партизан носи големо засилување во пресрет на одлучувачките средби со Молде за место во групната фаза во Лигата на Европа.
Утрово на белградскиот аеродром пристигна Бибрас Начо, искусниот играч за врска кој најголем дел од кариерата помина во дресот на ЦСКА (М).
Капитенот на израелската репрезентација ќе дојде во Партизан како слободен играч, а по лекарските прегледи треба да стави договор на неколкугодишен договор со повеќекратниот шампион на Србија.
Начо минатата сезона играше за Олимпијакос, а имаше понуда да замине во еден клуб од Грција и еден од Турција, но тој реши да ја прифати понудат ана „црно-белите“ од Белград.