Национална платформа, a компјутери? Учениците ќе работат ако имаат услови, смета СОНК

Деновите минуваат многу брзо, затоа имаме многу малку време да се подготвиме за школската година. Иако беше промовирана националната платформа за настава од дистанца, повеќето училишта немаат компјутери и стабилен интернет за наставниците да можат да реализираат онлајн настава од 1 октомври.

Од Синдикатот за образование, наука и култра велат дека наставниците ќе работат само доколку имаат услови за работа, а алармираат дека и тие училишта што имаат компјутери не се прилагодени на платформата.

 

За еден наставник да купи сам компјутер му треба половина од неговата плата. Но секако потребен е и брз интернет а за тоа одговорни се училиштата, бидејќи така наставниците онлјан часовите треба да ги држат в училиште.

 

Освен наставниците кои ќе предаваат онлајн, СОНК апелира и до наставниците кои ќе држат настава со физичко присуство. Учениците треба да се поделат во две групи, затоа апелираат да се води сметка фондот на часови да не ја надмине границата на часовите предвидени со закон за работни односи, а во меѓувреме бараат дополнителна исплата.

 

Недостиг на технолошка опрема за онлајн настава имаат 40 илјади ученици, но за нив МОН најде решение. Предложи наставата да ја следат со физичко присуство. И ова ќе претставува дополнителна активност за наставниците кои истовремено ќе држат онлајн настава.