До скоро женското претприемништво во земјава беше речиси непознаница, но сега е еден од битните фактори во економијата кој го поврзува бизнисот со науката, релевантните државни институции, локалните самоуправи и стопанските комори.
Ова беше посочено денеска на презентацијата на резултатите од регионалниот проект „Женското претприемништво – мотор за создавање работни места во Југоисточна Европа“.
Македонија е една од ретките земји во Европа, вклучувајќи ја и ЕУ, што има статистичка база за женското претприемништво, а моментно активно работи и на креирање национална стратегија која ќе го дефинира и значително ќе го подобри овој сегмент од стопанството.
Македонија во проектот ни беше многу значајна. Иако имаше скромни почетоци, стана единствената земја во добар дел од Европа, вклучувајќи ја и ЕУ, што успеа во изминатите четири години да направи статистичка база. Тоа на прв поглед не изгледа толку битно, но е темел на сите паметни политички одлуки и претставува стратна позиција за мерење колку е нешто напшравено или не. Многу поголеми земји и држави кои далеку посилно се промовираат, не се ни блиску до ваквиот резултат, изјави Мери Ан Рукавина Ципетиќ, директор на Иницијативата за одржлив развој која е еден од носителите на проектот.
Според Ципетиќ, во ЕУ се користи и пренесува македонското искуство, а Македонија црпи дел од праксата и добрите европски политики.
Околу 33 отсто жени претприемачи во македонското стопанство
Во македонското стопанство околу 33 проценти се жени претприемачи што е речиси исто ниво како европското. Повеќето од нив се носители на микро и мали претпријатија, во услужните дејности, а отвориле бизнис за да се вработат, а не за да бидат деловни луѓе.
Тоа значи…