Тоа значи дека немаат голем обрт и профит, најчесто се самовработени, отвориле сопствен бизнис за да се вработат, а не зашто имаат вештини или знаење за водење бизнис. Го прават тоа што го знаат, согласно својата стручна спрема, нагласи Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени кое го имплементираше проектот во Македонија.
Изминативе години, додаде Дисоска, на женското претприемништво се работеше многу.
Успеавме да станеме препознатливи, да се наметнеме кај нашите партнери. Ги изготивме статистиките, лобиравме, поттикнавме значајни промени во легилстаивите. Направиме и платформа за јакнење на женското претприемништво која функционира веќе четири години, воспоставивме регионално здружување, остваривме многу Б2Б средби, саеми,…, но најважно е што во соработка со Министерството за економија, стигнавме до првање национална стратегијата, напомена Дисоска.
Проектот „Женското претприемништво – мотор за создавање работни места во Југоисточна Европа” е регионален, се спроведуваше од 2012 до 2015 година, а во него, освен Македонија, беа вклучени и Србија, БиХ, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Турција и Молдавија. Носители беа Регионалниот центар за претприемничко учење на земјите од Југоисточна Европа и Иницијативата за одржлив развој, под координација на Советот за регионална соработка.
За поттикнување и развој на женското претприемништво неопходна е соработка
Според препораките, за поттикнување и развој на женското претприемништво неопходна е соработка меѓу сите страни, експертската јавност, институциите, општините, медиумите,… Како клучен се посочува подобриот пристап до информации и нивната размена не само дома, туку и на регонално ниво. Мора да се дејствува и во насока на создавање мрежи за надминување на родовата нееднаквост.
Во завршниот документ на проектот фокус е ставен и на младите жени. Се сугерира нивно поактивно вклучување во техничките науки, посебно ИТ секторот.