Националниот натпревар во сајбер-безбедност CyberMK 2020 продолжува онлајн

Првиот национален натпревар во сајбер-безбедност CyberMK 2020 продолжува онлајн, а рокот за пријавување и учество истекува денеска на полноќ.

Во тек е првата фаза за претквалификација. Полуфиналето и финалната фаза од натпреварот ќе се реализираат онлајн, информира Агенцијата за електронски комуникации.

CyberMK 2020 е Национален натпревар за сајбер-безбедност организиран од Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, како организациска единица во Агенцијата.

Цел на натпреварот е промоција и примена на вештини и знаења од областа на сајбер-безбедноста, во насока на идентификација и развој на идни професионалци за компјутерска безбедност во државата.

Натпреварот е од отворен карактер и секој може да се пријави и учествува, со фокус на младите на возраст од 15 до 27 години и студентската популација.

Избраните учесници со најдобар резултат во претквалификациите ќе бидат поканети да учествуваат во полуфиналето планирано за 25 март на платформата Cyber ​​Range.

Финалистите, пак, на 30 и 31 март, ќе се натпреваруваат на настан во живо за да се изберат три сајбер победници и три тимови кои ќе бидат национални шампиони. Тоа ќе биде дводневен настан со едукативна програма.

Дводневната конференција на тема „Сајбер-безбедност и едукација“ планирана за 30 и 31 март 2020 година се одложува и дополнително ќе биде објавен терминот.