Националниот сојуз на слепи ќе промовира нова аудиокнига

Националниот сојуз на слепи денеска напладне ќе промовира аудиоверзија на книгата „На своја кожа продолжи со насмевка“ ниво 1.0., наменета за слепите и слабовидни лица од земјава.

Аудиокнигата е изработена во рамките на кампањата „Глад за читање“ и е објавена во формат достапен за лицата со оштетен вид согласно со Договорот од Маракеш кој на слепите лица им го овозможува правото да читаат како основно човеково право.

Книгата „На своја кожа продолжи со насмевка“ – ниво 1.0. беше објавена пред една година од издавачката куќа „Матица македонска“.

-Во текот на 2019 година Мирослав Драганов направи рекордни 11 промоции на книгата во Скопје и во уште девет градови во земјава, како и во Берлин. Импресиите од читателите се многубројни, емотивни и искрени. Затоа ни е особено драго што ова извонредно дело добива и своја аудиоверзија наменета само за слепите лица, соопшти Националниот сојуз на слепи.