Владата на денешната седница донесе Одлука за обезбедување финансиски средства на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ со цел националните радио станици да се ослободат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година кон Агенцијата за електронски комуникации, известуваат од владината прес-служба.
Од таму додаваат дека со ова, со средства од Буџетот на Владата предвидени во делот на антикризните мерки, делумно ќе се покријат трошоците на националните радио станици, кои произлегуваат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година, во вкупен износ од 7.500.000 денари.