Нацистичко знаме поставено во претседателскиот парк во Вашингтон

Неидентификувано лице го симнал американското знаме и го поставил нацистичкото со свастика во претседателскиот парк во Вашингтон.

Полицијата сè уште го бара сторителот, а знамето било симнато откако граѓаните ја алармирале полицијата.

Бидејќи вандалот не го оштетил и украл знамето на САД, туку само го отстранил, тој официјално не сторил кривично дело, но полицијата, сепак, го бара оти ги вознемирил граѓаните.