Челниците на Европската унија во среда на неформалниот самит ЕУ-западен Балкан во Словенија ќе ја потврдат европската перспектива за регионотм стои во нацрт изјавата којашто би требало да биде прифатена, но без наведување на временската рамка во којашто овие земји би требало да можат да сметаат на полноправно членство.
„ЕУ ја потврдува несомнената поддршка на европската перспектива за западен Балкан и ја поздравува приврзаноста на партнерите од западе Балкан не европската перспектива која е во заемен стратешки интерес“, се наведува во нацрт-изјавта која на состанокот на Брдо крај Крањ ќе ја прифатата челниците на земјите членки на Европската унија.
Неформалниот самите е центрачниот настан во словенечкото претседавање со Советот на ЕУ, а Словенија којашто сака што побрза интеграција на западен Балкан во Унијата, според неофицијалните информации, предлагала поради геопполитички причини во документот да биде наведено дека овие земји би требало да бидат примени во членство до 2030 година.
Како што пренесуваат словенечките медиуми, сите земји во регионот се свесни дека во ЕУ не постои одушевување од таквото проширување, но очекуваат поконкретна временска рамка кога можат да сметаат на членство. Меѓутоа, во предложениот документ нема да има временска рамка, а се избегнува и самиот израз „проширување“, се истакнува во медиумските извештаи.
Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово, сакаат приклучување на Унијата, а нивните настојувања ги покажуват оедно и разликите во ставовите по ова прашање меѓу членките на ЕУ.
Од една страна челниците на Германија, Австрија, Словени и Хрватска деновиве предупредуваат дека предолгото челање би можело да го доведе регионот под големо влијание на друг земји, во прв ред Русија и Кина, а од друга, пак, Франција поддржана од Данска и Холандија, се резервирани кон пребрзото приближување без исполнувањето на критериумите и укажуваат на грешката направена со приклучувањето на Бугарија и Романија.