Европската унија смета дека нацрт-статутот на Заедницата на српски општини треба да биде претставен во дијалог, во согласност со релевантните договори, изјави портпаролот на ЕУ Петер Стано.
Во изјава за Радио Слободна Европа тој нагласи дека Брисел не може да зборува за содржината на предлогот од Приштина, бидејќи тоа е непознато за европските институции, но предупреди дека тоа е прашање што треба да се реши во рамките на разговорите меѓу Белград и Приштина.
Според енго, содржината на нацрт-статутот што го објави Приштина е непозната и дека за тоа не се разговарало со Србија и посредникот на ЕУ.