Просечната плата СДСМ ја покачи на историски највисоко ниво од 40.000 денари или 650 евра! Се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.
-Не само што го исполнивме изборното ветување пред граѓаните за 500 евра просечна плата туку и го надминавме на 650 евра. Поголеми плати значат повеќе пари во џебот на граѓаните, повисок и подобар животен стандард. Затоа СДСМ и во новиот мандат, во новата програма продолжува со политиките на зголемување на платите. Ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра. Со правилни политики ова е достижно, затоа што ние покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни, истакнуваат од владејчката партија.