Над 1,2 милиони луѓе починале од инфекции отпорни на лековите

Повеќе од 1,2 милиони луѓе во светот поќинале во 2019 година предизвикани од бактерии отпорни на повеќе антибиотици, што е повеќе отколку што починале од HIV/AIDS или од маларија, според новиот извештај објавен во четвртокот.

Светските здравтвени функционери во повеќе наврати предупредуваа на ширење бактерии и други микроби отпони на лекови поради злоупотребата и прекуменрата употреба антибиотици, што ги поттикнува микроорганизмите да се развијат во ткн „супермикроби“.

Новиот глобален извештај за отпорноста на мигробите објвен во медицинското научно списание The Lancet открива дека антимикробните резистенција (AMR) директно е одговорна за процениетите 1,27 милиони смртни случаи и поврзана со околу 4,95 милиони смртни случаи. За потребата на студијата биле анализирани податоци од 204 земји и територии во светот.

„Овие нови податоци ја откриваат вистинската димензија на антимикробната резистенција во целиот свет… Претходните процени предвидуваа 10 милиони годишни смртни случаи од AMR до 2050 година, но сега со сигурност знаеме дека веќе сме далеку поблиску на таа бројка отколку што мисливме“, вели Крис Мареј, коавтор на студијата и професорот на Универзитетот Вашингтон.

Минатата 2021 година Светската здравствена организација (СЗО – WHO) предупреди дека ниеден од 43-те антибиотици во развој или неодамна одобрените лекови не е доволен за борбата против антимикробната резистенција.

Корнелиус Кленси, професор по медицина на Универзитетот Питсбург, вели дека еден од начините за решавање на проблемот со AMR е да се бара нов модел на лекувањето.

„Мислам дека традиционалниот модел со антибиотици, кој го имавме последните неколку децении од пеницилинот, сега е потрошен“, вели Кленси.

Повеќето смртни случаи во 2019-та предизвикани од отпорноста на лековите при инфекциите на долните дишни трактови, како што е воспаление на белите дробовои, по што следата инфекции во крвотокот и интраабдомилнални инфекции.

Влијанието на AMR сега е најтешко во подсахарска Африка и во јужна Азија, додека околу секој петти смртен случај е забележан ка деца помлади од пет години.

Научниците известуваат дека достапноста на податоците за некои региони, особено некои земји со низок и среден приход, била ограничена, што може да влија на точноста на процените во студијата. Кленси поради тоа предупредува дека во последните две години фокусот бил на Covid-19, но дека AMR е „долгорочен предизвик“.