Во текот на изминатата недела на телефонската линија за медицински совет Ало докторе! се јавиле вкупно 1.272 граѓани.
Од 15.09.2014 година од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет Ало докторе! вкупно се јавиле 72.062 граѓани.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
За медицински совет се достапни вкупно 25 доктори. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за респираторни симптоми, покачен крвен притисок, покачена телесна температура, вирози и кашлици од ниските температури .
На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.