Вкупно 60.730 повици од 15.09.2014 година на 02/15 123 од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет Ало докторе.
1257 повици во изминатата недела од 02.11.2015 година до 08.11.2015 година на телефонската линија за медицински совет Ало докторе!
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
25 Доктори вкупно се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за симптоми поврзани со покачен крвен притисок, симптомна болка, главоболки, респираторни симптоми, покачена телесна температура , за сезонски настинки предизивикани од променливите временски услови карактеристични за овој период од годината .
На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија Ало докторе им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија .