На телефонскиот број 112 при Центарот за управување со кризи (ЦУК) во периодот од 11.02 до 01.08.2022 година (171 ден функционирање на 112) примени се вкупно 240.253 повици, односно во просек по 1.404 повици дневно.
Од ЦУК информираат дека во февруари (се примаа повици само од територијата на Скопје) се примени 11.321 повици, а просекот за овој период е по околу 629 повици дневно.
Од 01.03.2022 година, во Секторот 112 при ЦУК, се започна со прием на повици на единствениот телефонски број за повици при итни ситуации, од цела територија на нашата држава. Во месец март се примени 55.767 повици и просекот за март е 1.799 повици дневно. Во април се примени 42.100 повици или во просек 1.403 повици на ден. Во мај имало 44.839 примени повици или во просек 1.446 повици, во јуни се примени 41.759 повици или просечно по 1392 повици дневно.
Во минатиот месец се примени 44.467 повици или 1.434 дневно, додека во последните три денови од 29 до 31.07 имало 4.635 примени повици или околу 1.540 повици на ден.