Италијанската полиција вчера заплени 1.650 килограми марихуана по потекло од Албанија и уапси двајца албански државјани во пристаништето Бари.
Дрогата била скриена во камион натоврен со дрвени греди кои се користат во градежништвото, а ја откриле цринските работници во соработка со припадниците на италијанската Финансиска полиција.
Крајната дестинација на дрогата бил северниот дел на Ломбардија, а од нејзината продажба нарко шверцерите би заработиле околу 16 милиони евра.
Во меѓувреме во Драч, најголемото албанско пристаниште од каде испловил траектот со камионот, се приведени двајца работници на компанијата за скенирање „Рапискан“, врз кои паѓа одговорноста што дозволиле да помине камионот во кој била скриена дрогата.
Според албанската полиција, спомената компанија е задолжена за скенирање на сета стока која минува преку ова пристанниште.