Над 10.000 луѓе евакуирани во Москва поради лажни дојави за бомби

Над 10.000 луѓе во 12 трговски центри се евакуирани во Москва поради лажни дојави за бомби. Идентификуван и приведен е граѓанин, кој јавил дека е поставена бомба до една од зградите на претседателската администрација на Русија во центарот на Москва, јави ТАСС повикувајќи се на неименувани полициски извори.

Кај приведениот пронајдени се документи кои укажуваат дека има психичко нарушување.

Полициската проверка е завршена во осум од 12 трговски центири, за кои било дојавено дека се поставени бомби, при што беа евакуирани повеќе од 10.000 луѓе. Во ниту еден објект не е пронајдена бомба.

Повеќе од  10.000 луѓе беа евакуирани од трговски центри во Москва по серија анонимни телефонски закани дека се поставени бомби.

Евакуирани се луѓе од сите девет хипермаркети „Ошан“ во рускиот главен град како и од  комплекс во близина на Црвениот плоштад.

Специјалните служби и полицијата исто така вршат проверка во зградата на претседателската администрација на Русија во центарот на Москва, изјави неименуван полицикси извор.

Евакуиран е и трговскиот центар ГУМ, главна туристичка локалција на Црвениот плоштад поради закана од поставена бомба.

На социјалните мрежи објавени се фотографии од евакуацијата на трговскиот центар „Мега Балаја Даша“, источна Москва. Очевидци тврдат дека евакуирани се и трговските центри „Гагарински“ во југозападниот дел од градот како и „Кунцево Плаза“ во западниот дел од Москва.