
Со мерката „1+1“ која започна во март минатата година, а ќе трае до март идната година, до сега се вработени повеќе од 10.000 млади лица до 29 години.
Мерката има за цел да поттикне вработување на млади лица до 29 години, при што приватните компании се ослободени од плаќање на социјални придонеси и персонален данок.
-До сега преку оваа мерка се вработија преку 10 300 млади лица во околу 5000 компании. Целта која што сакавме да ја постигнеме е веќе постигната, над 10 000 работни места значат многу за македонските компании како и за младите во Македонија, подвлече министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој денеска во општина Чучер Сандево изврши увид на градежните работи за изграба на нова градинка.
Тој додаде дека оваа мерка ќе продолжи да се реализира и во наредните неколку месеци, а во просек до сега, откако е започната оваа мерка месечно се вработувале по 520 млади лица.