Загадениот воздух во Македонија е најголемата причина за хронична опструктивна белодробна болест ХОББ. Докторите алармираат дека освен аерозагадувањето и пушењето, се зголемува бројот на заболени од ХОББ, а се намалува и старосната граница на пациентите. Лекарите советуваат- клучна е раната дијагностика.
Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза денеска организираше бесплатно мерење на дишната функција. Дел од граѓаните кои беа прегледани се испратени на дополнителни испитувања. Прегледите од стручни лица се вршеа по повод Денот на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) во „Сити мол“ во Скопје, каде граѓаните се тестираат и ако биде потребно, ќе добијат препорака да се јават за дополнително испитување.
ХОББ најчесто се јавува кај луѓето над 40 години. Навременото откривање и е редовните прегледи, според лекарите, спречува натамошни компликации.
Годишно по 1000 пациенти со тешка форма на Хронична опструктивна белодробна болест се хоспитализираат на Институтот за белодробни заболувања во Клиничкиот Центар.
Во Македонија 100.000 граѓани боледуваат од ХОББ. А годишно во светот 3 милиони луѓе умираат од оваа хронично заболување, кое е трета најчеста причина за смртност.