Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права во петокот соопшти дека повеќе од 100 медицински и работници на итните службени се убиени во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах.
Долготрајните судири меѓу влијателното политичка и милитантно движење Хезболах и Израел се разгорија ланскиот октомври кога групацијата поддржана од Иран започна напади како поддршка на палестинската сунитска милитантна група Хамас на почетокот на војната во Газа. Конфликтот ескалира последните седмици, откако Израел започна масивни напади со тешки бомби во либанската престолнина Бејрут.
„Вкупно повеќе од 100 медицински и итни работници се убиени ширум Либан од октомври минатата година“, изјави портпаролката Равина Шамдасани на брифингот во ОН, цитирајќи ги бројките собрани од хуманитарната канцеларија на Обединетите нации. „Имавме неколку извештаи за воздушни напади врз медицински центри и смрт на болничари и пожарникари“, додаде таа.
Портпаролот на Светската здравствена организација, Кристијан Линдмаер изјави дека од 17 септември имало 18 напади врз здравствени установи во Либан, при што загинале 72 здравствени работници.
Израел тврди дека цели на воени објекти во Либан и Газа и презема чекори за да го ублажи ризикот од цивилни жртви. Ги обвинува Хезболах и Хамас дека наводно се кријат меѓу цивилите, што тие го негираат а досега за тоа нема пружено независни потврди.