
Преку кредитните линии на МБПР, фондот за иновации и технолошки развој и програмите за самовработување на АВРМ кај домашните фирми се одлеваат над 100 милиони евра.
Порталот „Курир“ во анализата на оваа тема, нагласува дека на првите сигнали на влијание на светската економска криза во земјава, обезбедени се средства од 350 милиони евра од ЕИБ. Ова е историски најголема линија која била пласирана во земјава. Претходно ваквите линии изнесувале само по неколку милиони евра.
Досега од оваа кредитна линија искористени се 319 милиони евра од страна на 1.583 македонски мали и средни претпријатија кои овие пари ги инвестираа во исто толку проекти кои отворија 6.441 работно место, истакна вицепремиерот Ставрески.
Повеќе кредитни линии преку МБПР
Преку МБПР…