Алексеј Стојменов од ООУ „Невена Георгиева Дуња”, Андреј Михајловски од ООУ „Круме Кепески” и Нина Костов од ООУ „Рајко Жинзифов”, се имињата на наградените маски на денешната првоаприлска манифестација „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!” организирана од Кисела Вода. Специјална награда доби и најмладиот учесник на масекенбалот, Ника Костовска. На просторот пред салата Расадник каде е поставен забавен парк со најразлични реквизити беа собрани околу 1000 маскирани дечиња. Просторот беше исполнет со ведрина, со игра и детска смеа.
Кловнови и аниматори се грижеа за шеги и трикови, додека за музичкот дел беа задолжени омилените „Поточиња”. Жири комисијата имаше тешка задача да избере три најдобри маски и соодветно ги награди. Првонаградениот доби таблет, додека за второто, третото место и за најмладиот учесник, Општина Кисела Вода обезбеди слатки пакети! Се’ на се’, „Шеговил” беше едно убаво доживување за сите присутни дечиња кои долго ќе го паметат денешниот први април.