Над 120.000 мртви во Европа, во светот 197.871 од коронавирусот

Од речиси 200 илјади жртви на пандемијата на коронавирусот, најмногу е погоден европскиот контитент со малку над 120.000 починати, а од тоа три четвртини се однесуваат на Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија.

Со вкупно 120.140 починати, од 1.344.172 потврдени заразени лица, Европа е континент кој е најтешко зафатен со пандемијата на Covid-19, а која според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, усмртила во светот 197.871 лице.

Италија според бројот на смртните исходи е водечка во Европа, со 25.969 починати. На второто место на континентот е Шпанија со 22.902 починати лица. Следи Франција со 22.245 мртви, а на четвртото место е Велика Британија со 19.506 починати.

Со 51.949 потврдени смртни случаи од коронавируост САД поединечно се замјата со најмногу починати од Covid-19 во светот, исто така според податоците на Институтот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во саботата до 15 часот по македонско време.

Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во сојузната држава Мериленд, кој ги сумира податоците од федералните и од локалните власти, медиумите и други извори, во САД има 905.333 заразени лица.

Во целиот свет се пријавени 2.826.904 заразени со Covid-19 до саботата во 15 часот, според истиот извор.