Повеќе од 120 луѓе се убиени во терористичкиот напад и борбите кои селдела во Буркина Фасо во областа близу границата со Мали, соопшти во петокот тамошната влада.
Досега е потврдена смртта на 65 цивили и 58 џихадисти во нападот кој се одигра во средата близу градот Арбинде, на северот од Буркина Фасо, се наведува во владиното соопштение.
Жестоките вооружени сидури меѓу припадниците на терористичките одреди и војската доведоа до крвопролевањето во кое веројатно ќе има уште жртви.
Полицијата на Буркина Фасо објави во четвртокот на Facebook дека е разбиена група од 400 џихадисти. Покрај тоа, безбедносните сили соопштија дека на местото на нападот и судирите пронашле големи количества вооружување и муниција.
На територијата на оваа западноафриканска земја последните години засилено дејствуваат вооружени групи, од кои некои изразија лојалност на Ал Каеда а други, пак, на Исламската држава.
Иако долги години беше поштедена од нападите, од 2015 година Буркина Фасо бележи постојан и голем раст на теророт на џихадистичките милиции. Повеќе од 1,2 милиони луѓе се внатрешно раселени поради насилствата од разните исламистички милитантни групации, според податоците на Обединетите нации.