Индиските власти евакуирале повеќе од 13 илјади Индијци од Украина, изјави во саботата портпаролот на министерството за надворешни работи Ариндам Бигачи.
„Во текот на изминатите 24 часа, со 15 летови беа преземени околу 2.900 Индијци. Со тоа, доколку оваа се додаде на претходните бројки, имаме околку 13.300 луѓе кои се вратиле во Индија со 63 летови до саботата попладнетно“, изјави министерот Бигачи на брифинг за медиумите.
Бигачи истакна дека во следните 24 часа се закажани уште 13 летови, вклучително и еден лет на индиските воздухопловни сили. Според процените во Украина до почетокот на војната имало близу 20.000 Индијци, главно студенти.
Претходно седмицата индиските власти најавија започнување на „Операцијата Ганг“ за евакуација на индиските студенти од Украина. Индиската амбасада во Киев ги повика студентите да ја напуштат земјата по почетокот на руската офанзива преку западните граници на земјата, кон Унгарија, Полска, Словачка и Романија, од каде што се организираат летовите за Индија.