Над 13 милијарди долари Facebook од 2016-та вложила во безбедносни мерки

Американската технолошка компанија „Facebook Inc“, сопствник на истоимената најголема социјална мрежа на светот, објави во вторникот дека од 2016 година вложила повеќе од 13 милијарди долари во безбедносни мерки, неколку дена откако весникот The Wall Street Journal обајви дека компанијата не успеала да ги поправи „штетните ефекти на платформите“.

Гиганто на социјалните медиуми соопшти дека сега има 40.000 луѓе кои работата на безбедноста, во споредба со 10.000 пред пет години.

„Facebook Inc“ ги минимизирал негативните ефекти од нивната апликација Instagram врз младите корисници и потврдуваат дека слабо реагирале на предупредувањето на вработените поради начинот на кој платформата во земјите во развој ја користат трговците со луѓе, извести минатата седмица The Wall Street Journal, повикувајќи се на стручна ревизија на интерните документи на компанијата.

„Во минатити доволно рано не започнавме да се занимаваме до безбедносните предизвици во процесот на развојот на производот. Но од темелите го променивме тој пристап“, напиша компанијата во постот на блогот https://bit.ly/3lIVRk2.

Од „Facebook Inc“ објавија и дека нивната технологија на вештачка интелигенција помогнала во блокирањето на три милијарди лажни профили во првата половина од оваа 2021 година. Компанијата, исто така, отстранила над 20 милиони текстови со лажни содржини за Covid-19 и вакцините против коронавирусот.

Компанијата наведува дека сега отстранува 15 пати повеќе содржини кои ги кршат нејзините стандарди за говорот на омразата на социјалната мрежа Facebook и нејзината платформа за споделување фотографии Instagram, отколку во моментот кога тоа започнаа да го објавуваат во 2017 година.