Над 136 цивили убиени во Доњецк од почетокот на војната

Во 104-те дена од почетокот на ескалацијата на воениот конфликт во источниот проруски украински регион Доњецк, кога започна руската интервенција во Украина, загинале 136 цивили, а уште 630 се ранети, објави во вторникот властите на самопрогласената Доњецка Народна Република.

„Во текот на 104-те дена од ескалацијата загинаа 136 цивили од кои шест деца, а уште 630 цивили, меѓу кои 50 се деца, се ранети со различна тежина на повредите“, се наведува во објавата на Заедничкиот центар за контрола и координација на режимот на прекин на огнот.

Покрај тоа, како што наведува истиот извор, во истиот период, врз регионот Доњецк од позициите на украинската војска биле извршени 3.551 гранатирање, од кои 3.248 биле од тешко вооружување. Вкупно врз регионот биле истрелани 32.158 проектили од различен калибар, вклучително и 28 ракети „Точка-У“, 14 ракети од повеќекратните системи „Смерч“, 33 проектили од системот „Ураган“ и 5.338 од типот „Град“.

Во понеделникот властите во Доњецк објавија дека првпат од почетокот на ескалацијата биле украинската војска за напади во регионот ги користеле 155-милиметарските американски хаубици „М-777“.

Како што изјави градоначалникот на Доњецк, Алексеј Кулемзин, украинската војска го гаѓала централниот дел на градот, каде што имало две основно и едно средно училишта. Во оваа гранатирање загинале три лица, а уште 18 други биле повредени.