Над 14 Палестинци убиени во разгореното насилството на Западниот брег

Палестински возач на брза помош е убиен додека бил на пат да земе ранети настрадани во напад од насилни еврејски доселеници, а најмалку 14 други Палестинци се убиени во посебен инцидент на окупираниот Западен брег, објавија палестинските власти.

Инцидентите се случија во екот на разгорувањето на насилството на Западниот брег и продолжувањето на војната во другата палестинска енклава Појасот Газа.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 50-годишниот возач на брзата помош бил убиен од израелски оган во близина на селото ал-Савија, јужно од градот Наблус, на пат кон местото каде што требало да ги земе ранетите по нападот врз селото.

Во одделен инцидент во областа Нур Шамс, во близина на палестинскиот град Тулкарм, здравствените власти соопштија дека најмалку дванаесет Палестинци, од кои двајца се идентификувани како вооружен напаѓач и едно 16-годишно момче, биле убиени во напад на израелските сили.

Голем број милитанти се убиени или уапсени, соопшти израелската армија, а најмалку четворица војници се ранети во размената на оган.

Во Газа, Израелците го нападнаа јужниот град Рафах, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци, како и во ал-Нусеират во центарот на Газа, каде што беа уништени најмалку пет куќи. На северот од енклавата израелските сили ја гаѓале областа ал-Џабалија, објавија здравствените власти и медиумите на енклавата.

Израелската војска соопшти дека нејзините војници извршуваат рации во центарот на Газа и дека имале блиски судири со палестинските борци.