По последните 24 часа од направени 2.006 тестирања, регистрирани се 141 нови случаи на зараза со новиот коронавирус, а последното деноноќие починале уште четири пациенти, додека 93 оздравале, соопшти во саботата министерството за здравство.
Од починатите четири пациенти, двајца се од Скопје, и тоа на 54 и на 55-годишна возраст, 69-годишна пациентка од Кавадарци и пациент од Свети Николе на 70 години. Сите пациенти се починати во болнички услови, но нема дополнителни информации за околностите.
Со тоа вкупните показатели од почетокот на избувнувањето на епидемијата на коронавирусот во Македонија се 12.653 заразени, бројката на оздравени пациенти е 9.123, на починати е 539 луѓе. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.991. Хоспитализирани се речиси 240 лица, од кои шест се деца, а 45 се на кислородна поддршка.
Од новоегистрираните 141 случаи по градови дистрибуцијата е следна: Скопје-51, Куманово-19, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-6, Тетово-6, Струга-16, Велес-2, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Радовиш-1, Пробиштип-2,Македонски Брод-2, Берово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Неготино-1.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 5373, активни 1007
- Куманово 1252, активни 262
- Дебар 226, активни 67
- Штип 1042, активни 275
- Прилеп 358, активни 37
- Тетово 1129, активни 152
- Струга 521, активни 187
- Велес 243, активни 28
- Битола 183, активни 75
- Охрид 307, активни 80
- Кавадарци 148, активни 106
- Гостивар 625, активни 266
- Гевгелија 28, активни 10 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
- Струмица 49, активни 20
- Крива Паланка 28, активни 5
- Радовиш 37, активни 9
- Крушево 16, активни 2
- Кочани 128, активни 34
- Пробиштип 69, активни 19
- Демир Хисар 53, активни 32
- Македонски Брод 65, активни 49
- Пехчево 8, активни 2
- Берово 13, активни 8
- Валандово 8, активни 2
- Виница 46, активни 41
- Делчево 8, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 15, активни 3
- Свети Николе 258, активни 66
- Кичево 236, активни 124
- Ресен 146, активни 9
- Неготино 35, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 143
- Аеродром – 122
- Бутел – 66
- Гази Баба – 121
- Центар – 88
- Карпош – 106
- Сарај – 35
- Кисела Вода – 82
- Ѓорче Петров – 70
- Студеничани – 32
- Шуто Оризари – 67
- Арачиново – 18
- Илинден – 14
- Петровец – 6
- Чучер Сандево – 9
- Сопиште – 12
- Зелениково- 6
- Странец – 3
- Нераспределен – 7