Над 15 илјади граѓани маршираа за ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА и порачаа: Црвено-жолтата линија нема да ја поминат!!! (ФОТО)

Над 15 илјади граѓани маршираа попладнево од Владата на Република Македонија до Законоданиот дом. Маршот кој не беше поддржан од ниту една политичка партија, наиде на голем одзив кај народот, граѓаните спонтано масовно се собираа за да испратат порака дека ја сакаат својата татковина и нема да дозволат разнебитување на државата.

„Со еден симболиочен гест сакаме да им покажеме како се сака Македонија. Тие сакаат да ги раздвојат црвената и жолтата од македонското знаме. Ние не сакаме и нема да го дозволиме тоа. Тие сакаат разнебитување, ние сакаме заедничка Македониај, затоа нашиот симбол ќе биде спојување на црвеното и жолтото, црвено-жолтата линија која нема да ја поминат !!!, истакна на собирот Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија.

eden640

Дури и организаторите истакнаа дека се изненадени од огромниот број на граѓани кои се приклучија, по помалку од 12 часа од формирањето на иницијативата. На маршот се скандираше МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА, ОВА НЕМА ДА ПОМИНЕ и се пееја патриотски песни.

bogdan-640x327

-Сите кои сме тука одлучивме на мирен начин. Повикуваме на свест, разум и одлучност. Апелираме вашето демократско право да го изразите мирно и достоинствено, со почитување на законите. Покажуваме почит кон институциите и чуварите на миеор и сите граѓани кои веруваат во иднината на Македонија како мзаедничка држава. Симболот кој не обединува е знамето на РМ, жолтата и црвената боја. Народот е најдобриот чувар на мирот во сопствената држава, истакна Борис Дамовски.