Над 150 загинати во поплавите во Пакистан, најавени нови врнежи

Пакистанските власти објавија во вторникот дека седмицава се очекува нови монсунски дождови, а бројот на жртвите во претходните обилни врнежи и поплави достигнал 157 луѓе.

Најмалку 44 жени и 47 деца загинале во поплавите кои се предизвикани од обилните дождови од јуни, соопшти Националната управа за катастрофи во главниот град Исламабад.

Деловите од пренаселениот град Карачи со околу 20 милиони жители, се поплавени веќе два дена, па населението морало да остане во домовите додека спасувачите се обидувале да ги спасуваат луѓето блокирани во нивните домови.

Новите обилни дождови ќе врнат во најтешко погодената јужна покраина Синд од четврток, предупреди главниот пакистански метеоролог Сардар Сафраз. „Тоа може да ја влоши ситуацијата и да поплави повеќе градови“, додал.

Најновите поплави го погодија Пакистан и делови од соседната Индија, во екот на сѐ поголемата загриженост за влијанието на климатските промени во еден од најнаселените региони на планетата. Пакистанското министерство за клима објави дека минатата седмица дека земјата е соочена со егзистенцијална закана, поради глобалното затоплување преку топлотни бранови, брзо топење на ледници, дождови и поплави.