За седум лица досега е побарано бришење на податоците од Избирачкиот список, кој е на јавен увид за Локалните избори 2017.
Промена на податоци побарале 19 лица, а 14 запишување во Избирачкиот список, истакна на прес-конференција портпаролката на ДИК Љупка Гугуческа.
Јавниот увид за локалните избори е во тек, а до денеска своите податоци во подрачните единици ги провериле 18.804 лица, најмногу во Битола околу 3400.
Преку електронската апликација на веб страната на Дик увид направиле 148.538 граѓани, посочи Гугучевска.
Увидот во избирачкиот список трае до 9 септември.
Од вчера на електронската апликација на Избирачкиот список, покрај податоците за избирачкото место на кое гласаат, граѓаните ќе можат да ја проверат и пристапноста на своето избирачко место. Овој дел од апликацијата содржи податоци за постоењето на паркинг места за лица со инвалидитет, тротоари со спуштен рабник, пристапни рампи до гласачките објекти, ширината на ходниците и вратите и друго.