![marshhh](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/marshhh.jpg?resize=500%2C375&ssl=1)
Над 18 илјади граѓани само во Скопје вчера излегоа да и дадат поддршка на полицијата. Граѓаните се заблагодарија за патриотизмот на полицијата, за нивната професионалност и непоколебливост во одбрана на државата, на животите на граѓаните и на мирот и соживотот, како и воспоставување на ред и владеење на законите.
За многу кратко време огромен број на граѓани се собираа на плоштадите низ Македонија. Во Скопје има собири на три места, Општина Гази Баба (плоштад “Филип II”) Општина Кисела Вода (просторот “Кај Злате”) и Општина Ѓорче Петров (плоштад “Делфина”)