Над 180 лица загина по поплавите во Западна Европа

Последните бројки на загинати во поплавите во Западна Европа во изминативе 24 часа достигнаа до 180, откако спасувачите цела ноќ работеа во потрага по прежиевани. Силниот дожд донесе нови поплави во Австрија и југоисточна Германија, но, не толку големи како тие од минатата недела. Германската полиција соопшти дека над 110 лица загинале само во округот Арвајлер во западна Германија, една од најпогодените области. Локалните власти стравуваат од зголемување на бројот на загинати.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе го посети селото Шулд во близина на Арвајлер кое беше уништено од поплавите. Претходно поплавениот регион го посети германскиот претседател и изјави дека е потребна долгорочна поддршка за да им се помогне на преживеаните од поплавите кои ги загубија своите домови.

Министерот за финансии Олаф Шолц изјави дека на владина седница ќе предложи пакет за непосредна помош. Тој во изјава за весникот „Билд ам Зонтаг“ посочи дека ќе бидат потребни над 300 милиони евра за обнова на регионот. Тој додаде дека федералните влади мора да започнат со воспоставување програма за обнова, која, од искуство со претходните поплави, треба да биде во милијарди евра.

Иако силниот дожд престана да врне во најпогодените области на Германија, Белгија и Холандија, невремето и поројните дождови продолжија во другите делови на западна и централна Европа. Синоќа имаше и поплава во германско-чешката гранична област, низ целата земја од каде се случија минатонеделните поплави, и во југоисточниот дел на Германија како и преку границата во Австрија.

Поплава го зафати и блискиот австриски град Халејн доцна во саботата, но нема извештаи за жртви. Обилниот дожд и невреме предизвикаа сериозни штети во повеќе делови на Австрија.