Повеќе од 184.000 мигранти пристигнале во Европа преку Средоземно Море од почетокот на годината, изјави денеска портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Џоел Милман.
Тој посочи дека најголемиот број – 154.862 луѓе пристигнале во Грција, на второ место со 28.593 се во Италија, а потоа следуваат Шпанија (1.063) и Кипар (28).
Бројот на мигранти кои преку Средоземно Море пристигнале во Европа е значително повисок во споредба со првите четири месеци од 2015 година. Тогаш во Европа пристигнале 52.700 луѓе.
Бројот на загинати во првите четири месеци од годинава изнесува 1.357 луѓе, додека во истиот период минатата година загинале 1.733 лица.