Над 190 казнети возачи во Скопје, 69 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…