Над 190 правници и судски експерти во Охрид на дебата „Заштита на лични податоци“

Над 190 правници и судски експерти во Охрид од денеска ќе дебатираат и ќе разменуваат искуства на Правна конференција на тема „Заштита на лични податоци“, во ко-организација на Здружението на правници и АЦТ.

– Над 210 гости од земјава и од странство во текот на тридневната конференција ќе добијат нови информации за најновите судски пракси на Европскиот суд на правдата во областа на заштита на личните податоци.

Предавач на темата ќе биде истакнатиот правник Клер-Агнес Марниер, Европски супервизор за заштита на податоците од Брисел, Белгија, соопштија организаторите.

Помеѓу останатите теми на кои ќе се оддржуваат работилници е и панелот наменет за Правата на одбраната и оштетениот во истражна постапка, на кој ќе говорат јавниот обвинител Фатиме Фетаи, Катерина Коларевиќ, судијата Ненад Савески, адвокатот Дељо Кадиев, како и универзитетскиот професор Гордан Калаjџиев.

Најавена е и презентација за примери од добра пракса од европското потрошувачко право, како и студии на случаи и нови трендови во заштита на поптрошувачите и зелената транзиција, што ќе ја има Кристоф Берне, експерт за потрошувачко право на Европската унија од Париз, Франција.

Тема со која ќе се затвори правната конференција ќе биде дебатата посветена на новините во Законот за спречување перење пари и финансирање. цр/са/Фото: Здружението на правници и АЦТ  .