Пандемијата од коронавирус однела над 2.000 животи во Европа, а најпогодени земји се Италија во неделата објави дека во последните 24 часа регистрирале 368 смртни случаи, што е повторно рекордна бројка, соопшти италијанската служба за цивилна заштите во неделата попладнето.
Во Европа има вкупно регистрирани 2.291 смртни случаи, во најголем број во Италија каде што се забележани 1.809 смртен исход од заразата. Тоа е земја која заразата со коронавирус најсилно ја погоди во светот, по Кина каде што првпат беше пријавени кон крајот на ланскиот декември.
Европа има вкупно 517 нови смртни случаи во последното деноноќие, и вкупно 52.400 заразени.
Во Италија и бројот на новозаразените е повторно рекорден, со 3.509 нови случаи. Вкупно во Италија се заразени 24.747 лица. Регионот на Милано е најпогоден со 1.218 почината и 13.272 случаи на зараза.
Бројот на починатите од пандемијата на коронавирусот во светот во неделата надмина шест илјади и изнесува 6.036 жртви, а заразени се 159.844 луѓе, според официјалните податоци до 14,30 часот во неделатра.