-2.2 C
Skopje
недела, декември 29, 2024

Над 2.5 милиони евра во ек на пандемија и економска криза потрошени за луксузни возила, истакна Арсовски

Владата предводена од коалицијата СДСМ – ДУИ е најнедомаќинската Влада која што воопшто раководела со Република Македонија. Во време на најкризните години за Република Македонија и за граѓаните откако настана КОВИД кризата, економската криза која што следеше како резултат на КОВИД кризата, но и лошото тековно работење на Владата во однос на економијата која што ја креираше лошата економија во државата, истата оваа Влада трошеле милиони и милиони евра, пари на граѓаните за свој луксуз и луксузирање, истакна на денешнаат прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Посочи дека во 2020-тата и 2021 година во ек на КОВИД и економска криза Владата потрошила над 2.5 милиони евра за автомобили.

-Најголем дел од нив луксузни да не речам половина, односно половина од тие автомобили биле со цени над 30.000 евра, нешто што ниту еден просечен граѓанин не би можел да си го дозволи во свои два животи. Во меѓувреме економијата целиот тој период тонеше, компаниите затвораа бидејќи нема помош и поддршка од државата, отпуштаа луѓе од работа, немаа работа и немаа буквално никаква помош од државата. Граѓаните тонеа во сиромаштија, не добија никаква помош и се што можеше да се смета како некаква помош доцнеше за да може да преживеат и да ја пребродат кризата. Граѓаните пак тонеа во сиромаштија, беа отпуштани од работа, не добија никаква помош и се што можеше да се смета како некаква помош доцнеше и се уште доцни. Срамота е Владата да говори дека е домаќинска, а да менува коли на секоја година и тоа коли, луксузни лимузини кои што вредат над 30.000 евра по автомобил. Ова е најнедомаќинската Влада која што воопшто функционирала. На нив изгледа им менува дали колата е стара три години, или е нова од продавница. Очигледно нема објаснување зошто го прават ова сем за нивно лично луксузирање, вели Арсовски.

Нагласува дека презентирале дека трошат десетици илјади евра на услуги за перење на коли, и очигледно им е да седат во удобни и луксузни возила и да ги перат секој ден, отколку да им помагаат на граѓаните, и неважно им е граѓаните во какви услови живеат.

Телефонски услуги, нови автомобили во вредност од над 2.5 милиони евра, подароци, кафиња, цвеќиња, канцелариски мебел за луксузирање, софи, фотелји и слично, само ова можеме да го слушнеме изминативе денови кое што го трошеле како непродуктивни трошоци, кое што го трошеле единствено за луксузирање од парите на граѓаните. А , никаде не слушнавме како помогнале на граѓаните и на стопанството, како донеле некоја мерка за помош или како спасиле некоја фирма да не пропадне или да затвори.

Ова е најнедомаќинската Влада, ова е најрасипничката Влада која што воопшто раководела со Република Македонија. Секогаш да знаете кога велат дека помагаат на граѓаните и стопанството и дека се тука за граѓаните и стопанството, да знаете дека лажат и дека единствено што направиле е само да трошат пари на граѓаните за свој сопствен луксуз и луксуз на функционерите од СДСМ и ДУИ, посочи Арсовски.