Над 2.500 новозаразени во Србија, починале 50 лица

Коронавирусот во Србија е потврден кај 2.631 лице во последните 24 часа, а во исто време од овој вирус починале 50 пациенти.

Тестирани се 16.737 лица. На респиратор се приклучени 205 пациенти.

Од почетокот на епидемијата, тестирани се 6.727.663, позитивни се 1.241.492, а починале 11.385.