Над 20 повредени во новите судири во Ерусалим

Повеќе од дваесет луѓе се повредени во Ерусалим во неделата во судирите меѓу Палестинците и Израелците на Платото на џамијата односно Брдото на храмот и во околината.

Платото на џамијата, како што го нарекуваат муслиманите и Палестинците, односно Брдото на храмот за јудаистите и Евреите, е сместен во историското јадро Стариот град во источен Ерусалим, палестински сектор кој меѓународната заедмица го смета за окупирана територија од Израел во ткн Шестдневна војна во 1967 година.

Во неделата рано утрото ститици палестински демонстрантие почнале да собираат камења на Платото, малку пред доаѓањето на ортодоксните јудаисти, извести израелската полиција.

„Силите за воспостатување ред влегоа на Платот на џамијата за да ги преместат демонстрантите и да воспостават ред“, додава израелската полиција.

Палестинската Црвена полумесечина извести за 19 повредени Палестинци, од кои некои се погодени со гумени куршуми.

Судирите се одвиваат додека во неделата во ерусалимскиот Стар град, центарот на трите монотеистички религии, католичките христијани го славата Велигден, јуадистите се молат за Пасха, а муслиманите се во свеетиот месец на постор Рамазан. На Брдото на храмот во петокот повеќе луѓе беа повредени во судирите меѓу Палестинците и израелските безбедносни сили.

Обединетите нации претходно повикаа на смирување на ситуацијата, за тензиите во Ерусалим да не прераснат во нова војна меѓу палестинскот исламистички движење Хамас кој ја контролира енклавата Појасот Газа и Израел, како што беше минатата година во мај.

Во Ватикан во неделата, во текот на тедиционалниот благослов „Урби ет Орби“ по повод Велигден, поглаварот на римокатоличката црква папата Франциск се зазема за „слободен пристап“ до светите места во Ерусалим. „Нека Израелците, Палестинците и сите жители на Светиот град, заедно со аџиите, ја искусат убавинат на мирот“, рече папата.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неделата телефонски разговарал со претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, кој е политички ривал на движењето Хамас, за да му честита на „смиреноста“ и на „доброто просудување“ во овој случат, објави неговиот кабинет на Twitter.

„Турција и натаму е на страната на Палестинците“, додал Ердоган и како што се наведува во објавата, на Абас му кажал дека ќе „воспостави контакти со заинтересираните страни за да се запре израелската ескалација“.