Најмалку 25 лица загинале во нападот на шаторски бегалски камп во близина на Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, објави во петокот Министерството за здравство на Газа.
Во нападот биле ранети уште 47 Палестинци, додаде Министерството, обвинувајќи ги израелските сили за нападот.
Бил нападнат бегалскиот шаторски камп ал-Мавати во близина на Рафах. Многу луѓе побегнаа таму по почетокот на израелската воена офанзива во Рафах на почетокот на мај, по насоки од израелската војска како безбедна зона.
Очевидци велат дека израелски тенковски гранати ја погодиле областа. Агенцијата Reuters наведува дека информациите не можела да ги потвди од независни извори.
Израелската војска соопшти дека ги истражува извештаите.