Речиси еден час 23 железнички композиции беа сопрени во Германија поради лебедот кој тагувал на шините по својот животен сопатник, соопшти локалната полиција.
Според соопштението кое ги пренесува ресурсот Presse Portal, инциденот за кој биле спроведена „специфична операција на спасување“, се случил на 23-ти декември на пругата која ги поврзува местата Касел во сојузната покраина Хесен и Гетинген во соседната Долна Саксонија.
Двата лебеда заталкале во областа во која минува брзата железничка линија а една од птиците угинала, како што се претпоставува при контакт со електричната инсталација. Како што е својствено за лебедите, преживената птица не сакала да го напушти местото, а повеќекратните обиди да биде тргната од пругата не дале успех.
На помош пристигнале пожарникарите од блиската општина Фулдатал, кој ја пренеле птицата со помош на специјална опремеа.
„Поради операцијата за спасување, 23 композиции беа запрени околу 50 минути“, се истакнува во одговорот на локалната полиција.
Преживеаниот лебед подоцна бил ослободен на брегот на реката Фулда.